Connect with us

Фудбал

Погодете кои се 5 најтрофејни фудбалери, Роналдо е на 10-тото место! (ФОТО)

Лионел Меси со 46 освоени трофеји во клубовите во кои играл и со репрезентацијата на Аргентина е на првото место на листата на најтрофејни фудбалери. Пред неколку дена доби и признание од угледната „Марка“ за ова како фудбалер кој освоил најмногу трофеји во историјата.

Ова секако не е чудно, но веројатно не сте знаеле дека на оваа листа Кристијано Роналдо е на десетото место. Пред него, односно на второто место е Дани Алвеш кој голем дел од својата кариера помина со Барселона. Тој во клубовите во кои играл и со селекцијата на Бразил освоил вкупно 43 трофеји. Зад него е уште еден бразилец, Максвел со 37. Тој имал среќа да игра за тимови кои освојувале титули. Меѓу клубовите секако се Барселона, Интер, ПСЖ и Ајакс. Со сите клубови освојувал пехари во неколку конкуренции.

На четвртото место е Иниеста, па потоа следува Рајан Гигс, па Бускетс, Ди Марија, легендата на Ливерпул, Кени Далглиш, потоа Пике, и десетката ја заокружува Кристијано Роналдо.