Фудбал
Погребот на Чиро Блажевиќ следната среда во Алејата на Великаните
Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ почина во средата, два дена пред неговиот 88 роденден по долга и тешка борба со ракот.
Борбата на Блажевиќ со ракот започна во 2011 година. Следеа низа операции, но болеста упорно се враќаше, секој пат потешка.
Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, Чиро Блажевиќ ќе биде погребан следната среда, на 15 февруари, во Загреб во Алејата на великаните на Мирогој.
Фудбалскиот сојуз на Хрватска отвори книга на жалост, која ќе биде поставена во просториите на Сојузот.
Здружението ќе објави информации за комеморацијата подоцна.