Connect with us

Фудбал

Покетино: “40 милиони не се доволни за Роуз“

Најбогатите клубови во англиската Премиер лига ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на офанзивниот бек од редовите на Тотенхем, Дени Роуз.

Победник во трката по потписот на репрезентативецот на Англија може да биде само тој клуб кој ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 40 мил. фунти.

Англиските медиуми се убедени дека на почетокот од зимскиот преоден рок, официјална понуда за услугите на Роуз, ќе испратат раководните лица на Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и на Манчестер Сити.