Connect with us

Фудбал

Покрај заминувањето од Јунајтед, Лукаку има почит кон Солскјер

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку зборуваше за напуштањето на Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот клуб го привлече белгискиот напаѓач минатото лето.

– Солскјер ја заработи мојата вечна почит. Тој ме разбра кога во март реков дека е време да заминам. Се преселив во Премиер лигата на 18-годишна возраст и сега имам 26 години. Солскјер сакаше да останам, но ми требаше нов предизвик, изјави Лукаку за „А Бола“.