Connect with us

Други спортови

Пол позиција за Фетел, Хамилтон до него

Себастијан Фетел, ја освои пол позицијата за Големата награда на Азербејџан. Во првиот ред е и актуелниот светски шампион Луис Хамилтон.

Возач на Ферари го постигна во Q3 време од 1:43,091 и беше за 361 илјадити дел од секундата побрзо од Хамилтон. Асот на Мерцедес и бранителот на титулата беше брз во последната рунда, дури и побрзо од Германците во првиот сектор, но во следните два не успеа да ја надомести разликата, така да лидерот во генералниот пласман ќе започне од првото место.

Во вториот ред се Валтери Ботас од Мерцедес и Даниел Рикардо од Ред Бул, додека во третиот Макс Ферастепен од Ред Бул и Кими Раиконен од Ферари. Финецот беше најбрз во првите два круга, но во 16-тиот агол направи кардинална грешка и на крајот остана на шестото место.

Првата 10ка ја заокружува парот Форс Индија Естебан Окон и Серхио Перез, Карлос Саинц од Торо Росо и Ленс Штрол од Вилијамс. Трката за Големата награда на Азербејџан ќе се одржи во недела со почеток во 14:00 часот.