Connect with us

Други спортови

Пол позиција за Хамилтон во Малезија

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Малезија.

Лидерот во генералниот пласман, во квалификациите, го имаше најбрзиот круг од 1:30.076 минути. Веднаш до Британецот од првиот стартен ред трката ќе ја започне возачот на Ферари Кими Раиконен, кој имаше послабо време за само 45 илјадити делови од секундата.

Зад најбрзите двајца ќе стартуваат пилотите на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.

Наголемиот конкурент на Хамилтон во борбата за титулата, Себастијан Фетел, трката ќе ја започне од последната позиција. Германецот поради проблеми со моторот воопшто не излезе на патеката во квалификациската сесија.

Траката за Големата награда на Малезија се вози в недела со почеток во 9 часот по средноевропско време.

Хамилтон води во генералниот пласмна со 263 бода, Фетел има 28 бодови помалку од лидерот, па следуваат Ботас 212, Рикардо 162 и Раиконен 138.

Мерцедес има убедлива предност кај конструкторите со 475 бодови, втор е Ферари со 373, а трет е Ред Бул со 230.