Фудбал
Политано и Симеоне го срушија Милан на „Сан Сиро“, Наполи на врвот, Елмас доби малку минути (ВИДЕО)
Наполи е лидер во Серија А откако вечерва во дербито на колото го доби шампионот Милан со 2:1. Имаше Милан повеќе шанси и удари кон противничкиот гол, но на крајот се бројат само головите, а нив го постигнуваше повеќе Наполи.
Најнапред Политано во 55-та минута му донесе водство на Наполи од 0:1, десетина минути подоцна Жиру израмни на 1:1. Сепак, големи три бодови на Наполи му обезбеди Џовани Симеоне со гол во 78-ма минута.
Ова е прв пораз на Милан во оваа сезона во која ја брани шампионската титула. Но, ова е прв пораз на Милан после 22 меча во Серија А ако се сметаат и мечевите од минатата сезона.
Елиф Елмас во игра влезе во 87-та минута на местото на Зиелински.
Standings provided by SofaScore