Фудбал
Полиција го сопрела автобусот на Викторија Плзен на пат кон „Алијанц Арена“, тренерот вели: Исплашени се, сакаат да не спречат на нашиот пат!
Плзен во првите две кола претрпе порази од Барселона и Интер, а вечерва има многу тешко гостување кај екипата на Баерн во Минхен.
Чесите ќе бидат апсолутни аутсајдери и би било светско чудо доколку непоразени си заминат од стадионот на германскиот шампион.
Интересно е што автобусот со гостите од Чешка бил запрен на автопатот во Германија кога се движел кон Алијанц-арената. Локалната полиција соопшти дека се работи за рутинска проверка, но полициската интервенција била од невообичаена причина.
Помошникот на тренерот на Плзен, Павел Хорват, на социјалните мрежи ги објави деталите од средбата со полицијата.
„И тие веќе нè имаат. Веројатно се исплашени и сакаат да не спречат на нашиот пат“, се пошегува , а потоа додаде: „Се прашувам што би сакале од нас. Веројатно автограм“, рече Хорват со насмевка на својот лице.
Сепак, се испостави дека полицајците кои го запреа автобусот на Плзен всушност биле тврдокорни навивачи на TSV 1860, локалните ривали на Баерн. И покрај тоа што овој тим игра во 3-та дивизија, клубот беше еден од основачите на Бундес лигата во 1963 година и одигра 20 сезони во Бундес лигата.
Полицајците, гледајќи ги боите на Викторија, сакаа да го мотивираат чешкиот тим да се покажат во најдобро можно светло и да се обидат да ги запрат војниците на Јулијан Нагелсман.
Баерн има шест бода во групата на смртта и гол-разлика 4:0, Барса има три бода и гол-разлика 5:3, а исто толку бодови има и Интер со гол-разлика 2:2. Плзен е на дното без бодови и со 1-7 гола разлика и вистинско прашање е што ќе се случува после вечерва.
Дуелот во Минхен започнува во 18 часот и 45 минути, додека многу поголемо внимание ќе привлече натпреварот меѓу Интер и Барселона, кој започнува во 21 часот.