Connect with us

Тајмаут

Полицијата застрела поранешен фудбалер на Ла Коруња-продавал дрога

Убиство на Филипините. Полицијата го усмртила Диего Бело Лафуенте, кој продавал дрога, а при акцијата кај него биле пронајдени кокаин и околу 2,4 илјади долари.

-Ова беше операција и лицето е застрелано во самоодбрана, соопшти полицијата.

Полицијата воедно појаснила дека наводно Лафуенте прв почнал да пука кон нив.

Станува збор за Шпанец, кој е професионален сурфер. Имал 32 години, а во текот на својата спортска кариера настапувал и за Депортиво Ла Коруња. Шпанскиот тим се прости од него преку својот Твитер налог.