Connect with us

Кошарка

Полуфинални натпревари во Супер купот на АБА лигата

Во рамките на Супер купот на АБА лигата вечерва ќе се одиграат полуфиналните дуели. По победите постигнати во средата вечерва од 18:45 часот ќе играат: Цедевита и Мега, додека во вечервиот термин од 21 часот ќе играат: Будуќност и Морнар.

Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во саботното финале од 21 часот.

На Супер купот настапија најдобрите екипи од ланското првенство со исклучок на првакот Црвена Звезда, кој поради учество на друг турнир го откажа настапот.
Натпреварите од новата сезона од АБА лигата ќе стартуваат следниот петок (29.септември) со натпреварите: Цедевита – ФМП и МЗТ Скопје Аеродром – Партизан.