Connect with us

Фудбал

Поплавен новиот стадион на англискиот премиерлигаш (ВИДЕО)

Загрижувачки снимки од поплавување на новиот стадион на Евертон се појавија на социјалните мрежи само неколку месеци пред „Карамелите“ да се преселат таму.

Евертон игра на култниот „Гудисон Парк“ од 1892 година, а познатиот стадион беше домаќин и на полуфиналето на Светското првенство во 1966 година, но сега е време за промена, а тимот од Мерсисајд ќе се пресели во својот нов дом Брамли Мур.

Новиот стадион е со капацитет од 52.888 седишта и треба да биде готов до крајот на годината, а локацијата на Гудисон парк ќе биде реконструирана и ќе има станови, како и здравствен и образовен центар. Сепак, на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од новиот стадион, на кое се гледа дека трибините се поплавени поради проблеми со одводот. На видеото се гледа како порој се движи со бесно темпо од врвот на трибината се до излезот, што веднаш ги загрижи навивачите на Евертон.