Connect with us

Ракомет

Поповски за ЕХФ: Нема да се служиме со математика, само победа

Десното крило Мартин Поповски, во кусо интервју за ЕХФ официјалната страница вели дека против Австрија ќе се оди на победа. Нема да се служат со математика, туку како што рече ќе истрчаат на теренот за да победат.

-Нема да се обидеме да калкулираме и да користиме математика. Ќе истрчаме на теренот и ќе се обидеме да победиме, вели Поповски.

-Нашиот тим се промени многу во изминатите четири или пет години. Но, тоа не е изговор, затоа што имаме играчи во тимот кои имаат искуство да играат на многу големи натпреварувања. Половина од нашата репрезентација игра во ЛШ или во најдобрите лиги низ целиот свет, вели Поповски.