Connect with us

Други спортови

Поради дождот откажана Мото ГП трката во Британија

Трката за Големата награда на Велика Британија во Мото ГП беше откажана поради силниот дожд.

Оранизаторите по неколку одложувања ја откажаа трката бидејќи било утврдено дека условите на патеката „Силверстоун“ не се безбедни за возење.

Официјално стартот на трката беше закажан во 12:30 часот, а прво беше презакажана за 14 часот, па за 15 часот и во 17 часот беше потврдено дека нема да има трка.

Поради неповолни временски услови последен пат Мото ГП трка беше откажана во Австрија во 1980 година заради снег на патеката.