Connect with us

Фудбал

Поради овој потег Левандовски ќе стане херој меѓу Украинците

Роберт Левандовски летово реши да го напушти Баерн Минхен и се смести во Барселона.

Полјакот реши да преземе нови предизвици, а сега доби големо признание.

Имено, тој доби лента со грбот на Украина која ќе ја носи на Светското првенство.

Нему му го врачи селекторот на Украина, легендарниот Андриј Шевченко.

„Ќе ги носам украинските бои на Светското првенство во Катар. Како играч и личност, го поддржувам мирот и мислам дека овие симболични гестови се важни. Ќе ја носам лентата како потсетник дека граѓаните на Украина не се сами“ – изјави одличниот напаѓач.

Истото го направи и минатата сезона во дресот на Баерн, а доби бројни пофалби.

Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември во Катар.

Полска игра во група со Мексико, Саудиска Арабија и Аргентина.

Додека сите го фалат, Левандовски е мета на критики од лутиот ривал.

Левандовски постигна осум гола на шест првенствени натпревари, а добро му оди и во Лигата на шампионите.

Поради овие резултати, 34-годишниот напаѓач во последните недели собира речиси исклучиво позитивни критики и коментари. Сепак, има и такви кои го критикуваат неговиот однос, а тоа се новинарите на „El Chiringuito“, програма посветена главно на Реал и многумина го нарекуваат пропаганден глас на шпанскиот шампион.

Во последните денови новинарите постојано го напаѓаа имиџот на Левандовски. Тие меѓу другото изјавија дека капитенот на полската репрезентација во каталонскиот тим преминал само за пари и дека за разлика од Карим Бензема кој ги влече своите соиграчите.