Connect with us

Фудбал

Поради протоколот во Ла Лига, Пјаниќ не можеше да дебитира вечерва за Барселона

Иако и официјално е играч на Барселона, сепак Пјаниќ не можеше да го облече дресот на каталонскиот гигант поради протоколот во Ла Лига.

Пјаниќ тренира одвоено од тимот веќе неколку дена, но во следните денови ќе се приклучи на овој тим. Барселона пред вечерашниот натпревар објасни дека Роналд Куман не може да смета на Пјаниќ поради протоколот во Ла Лига.

Имено, Пјаниќ не можеше да игра вечерва бидејќи според протоколот, мора уште еднаш да се тестира за коронавирус. Пјаниќ беше негативен на тестирањето минатата недела кога му беше дозволено да започне со тренинзи, но мора да биде тестиран уште еднаш за да може да тренира со остатокот од тимот, а исто така и да настапува за новиот тим.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com