Connect with us

SPORTM.mk

Поради тепачка, во Хрватска приведен поранешен фудбалер на Вардар и Шкендија

Поранешниот повремен репрезентативец на Македонија Музафер Ејупи е приведен во полициска станица во Копривница-Хрватска, објави локалниот портал „Подравски лист“. Според информациите Ејупи заедно со негов пријател претепале познат жител на градот Копривница, чие име порталот не го открива. Полицијата најавила повеќе детали по распитот на уапсените лица, а на физичката пресметка претходела караница за паркинг место.

Музафер Ејупи во моментов настапува за тамошниот фудбалски клуб Славен Белупо. Во својата кариера има играно Вардар, Металург, Шкендија, Турново, Осијек. Има настапи за македонската репрезентација до 21 година, но и за сениорите.