Connect with us

Фудбал

Поранешен француски напаѓач и член на Барселона: Тоа е клуб на кловнови

Во една радио емисија гостуваше Криштоф Дугари, поранешен француски напаѓач, но и поранешен член на Барселона, каде не се изнаигра баш премногу. Забележа само седум меча во дресот на Каталонците во сезоната 1997/98.

Прашан за моменталната состојба во тимот, по елиминацијата од Атлетик Билбао во Купот на Кралот изјави:

-Барселона? Тоа е клуб на кловнови. Сè се прави наназад. Имам впечаток дека нема систем, изјави Дугари.

Поранешниот напаѓач пред се алудираше на трансферите на Кутињо и Дембеле.