Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Јунајтед ја „отвори душата“: Не бев во сенка на Роналдо и Руни

За него велеа дека е поталентиран од Роналдо. Му предвидуваа голема и блескава кариера, но сепак иако имаше добра кариера, Нани не се искачи на врвот како неговиот соиграч од клубот и репрезентацијата Роналдо.

-Никогаш не сум се чувствувал дека сум во сенка на Роналдо, Руни или Рајан Гигс. Имавме одлична екипа, со два три стила на игра. Првите две години во Јунајтед одиграв многу мечеви, вели Нани и притоа додава.

-Кога Роналдо замина во Реал Мадрид се создаде илузија. Луѓето зборуваа дека имаме исти стил, имаше многу споредби со Роналдо. Сакаа негова замена, но ме добија мене. Некако ги поставија погрешно работите. Не требаа да зборуваат “Го имаме новиот Роналдо“, туку “Го имаме Нани“, ние имавме различни квалитети, изјави Нани.