Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Милан со објава на Твитер: Зошто никој не ме сака?

Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда во моментов е без ангажман. Има 33 години и очајно посакува да заигра за некој клуб. На својот Твитер налог дури и напиша зошто ниту еден клуб не му нуди договор.

„Зошто никој не ми дава понуда? Сигурен сум дека уште сум еден од најдобрите фудбалери во Азија“ – напиша некогашниот играч на Милан, ЦСКА, Нагоја и други клубови, а се обиде и како селектор на Камбоџа.