Connect with us

Тајмаут

Поранешен напаѓач од Премиер лигата, осуден поради мастурбирање на јавно место

Поранешниот напаѓач на Кристал Палас Нел Шиперли е осуден на 12 месеци општествено корисна работа. Судот го прогласи за виновен и го осуди на ваква казна поради мастурбирање на јавно место, односно пред мајка и нејзина 16 годишна ќерка.

Како што пренесува Би-Би-Си, поранешниот напаѓач застанал пред нив со своето комбе и ги покажал гениталиите. Сето тоа Нел Шиперли го признал пред судот.

Ова се случило во Лондон оваа година на 17 септември.