Connect with us

Фудбал

Поранешен претседател на Јувентус: Сари не е проблемот, туку нешто друго

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Џиљи изјави дека фудбалерот за  врска Миралем Пјаниќ е „мек како моцарела“, но и дека му е потребен одмор.

Коболи стана претседател на „Старата дама“ по скандалот Калчополи во 2006-та година и беше на функцијата до 2009-та, во разговор за Радио Спортива, изјави дека тренерот Сари не е вистинскиот проблем на клубот.

-Секогаш го критикував Сари, но не сакам да шутирам човек додека е на подот, изјави 75-годишниот Италијан и додаде:

-Сите проблеми на Јувентус се наоѓаат во средниот ред. Проблемот на нашите играчи е од психолошка природа. Сари константно ги ротира, сите, освен Пјаниќ. Тој е мек како моцарела, изгледа изморено и потребен му е одмор. Мораме да најдеме решение за проблемите во средниот ред, изјави Џиљи.

Јувентус во моментов е на второто место, но со исто број бодови како Интер, кој има подобра гол разлика. Третопласиран е Лацио со еден бод помалку.