Connect with us

Фудбал

Поранешен тренер на Интер за напаѓачот кој на Фламенго му донесе пехар: Го викавме Габи-НЕ-ГОЛ

Габриел Барбоса, познат како Габигол со два гола му донесе победа на Фламенго против Ривел Плата и со тоа му донесе пехар во Копа Либертадорес, или јужноамериканската Лига на шампони. Интересен податок е тоа што Барбоса головите ги постигна во 89 и 90+2 минута.

Габигол во Фламенго настапува како позајмен играч од Интер. Антонио Конте наводно размислува да го врати во декември, бидејќи му се повредени Санчез и Политано, но доколку во меѓувреме пристигне друг напаѓач, тогаш најверојатно Бразилецот ќе биде продаден со цел да се извлечат повеќе пари и да се искористи неговата одлична форма.

Габриел Барбоса во Интер пристигна во 2016 година. Одигра само 9 меча, а постигна само еден гол. Тренери му беа Франк Де Бур и Спалети, кој потоа го пушти на позајмица во Бенфика, па во Бразил.

Интересна изјава даде Франк Де Бур за Барбоса:

-Не знаев многу за него, но ми рекоа дека е фантастичен играч. Го викаа Габигол, но ние го викавме Габи-не-гол. Доаѓаше со двајца на тренинзите и мечевите, еден беше менаџер за социјалните мрежи, а другиот телохранител. Но не направи ништо, теренот како да му беше во втор план, изјави Де Бур, а пренесува „Марка“.

Сепак, по враќањето во Бразил, поточно во дресот на Фламенго, Барбоса го оправда прекарот Габигол. Неговиот тим е на пат кон освојување на титулата, а тој на своето конто има 22 голови и е прв стрелец во лигата.