Фудбал
Поранешниот бразилски селектор Луксембурго хоспитализиран поради коронавирус
Еден од најпознатите бразилски фудбалски тренери Вандерлеј Луксембурго е хоспитализиран поради коронавирус.
Шеесет и осумгодишниот Луксембурго е примен во болницата „Сирио е Либанеш“ во Сао Паоло и неговата здравствена состојба е „добра“, јавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на болнички извори.
Луксембурго, кој во октомври годинава се повлече од клупата на бразилскиот прволигаш Палмеирас, во текот на 90-те години од минатиот век ја предводеше селекцијата на Бразил, а во 2005 година беше тренер на Реал Мадрид.