Фудбал
Португалецот Мартинс ќе го суди натпреварот Италија – Македонија
ФИФА ги одреди судиите на натпреварите и Португалецот Мартинс ќе биди судијата на натпреварот Италија-Македонија.
Португалецот Тиаго Мартинс ќе биде главен судија на квалификацискиот меч за Светското првенство во Русија 2018 година, меѓу фудбалските репрезентации на Италија и Македонија, реши ФИФА.
Помошници на Мартинс ќе му бидат сонародниците, Рикардо Сантош и Луис Кампос.
Инаку, избраниците на селекторот Игор Ангеловски веќе се во Торино, а вечерва ќе одржат и полесен тренинг, додека за утре се планирани уште два тренинга, пред мечот против „азурите“ закажан за в петок од 20.45 часот
Тоа ќе биде дуел од претпоследното 9. коло во Муднијалските квалификации, во кои по осум одиграни натпревари, Македонија има скор од две победи, еден нерешен резултат и пет порази, што е доволно за петто место во групата.
На првиот меч во Скопје, италијанската репрезентација си замина со три бода по еден неизвесен натпревар, кој беше решен од Чиро Имобиле во втората минута од судиското продолжение.