Connect with us

Фудбал

Последна шанса на Монтела против Џенова?!

Винченцо Монтела добива последна шанса против Џенова. Управата на клубот бара Милан да освои максимални шест бода на следните два натпревара, во спротивно Монтела ќе добие отказ, објавија италијанските медиуми.

Милан е далеку од врвот во Серија А каде стартуваше со големи амбиции, а последното реми во Лига Европа со АПОЕЛ го налути раководството кое обезбеди преку 200 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок.

Ниту скапите засилувања не ги дадоа очекуваните резултати и Милан во Серија А е на средината на табелата (10.место).

При вакви ситуации прв на „удар“ е тренерот. Монтела и претходно беше пред отказ, но се чини друг резултат освоен победи против Џенова и Киево ќе значат негово отпуштање.