Connect with us

Фудбал

Последна шанса за Интер, но не и за Антонио Конте

Италијанскиот гигант Интер и оваа сезона како и минатата е на добар пат да ги заврши натпреварите уште во групната фаза од ЛШ. Големи беа апетитите и навивачите се надеваа дека оваа сезона, нивниот тим ќе стигне подалеку. Особено е разочарувачки податокот дека се наоѓаат на последното место во групата во која се уште Борусија Менхенгладбах, Шахтјор и сезонава неубедливиот Реал Мадрид.

Вечерва против Борусија Менхенгладбах Интер ја има последната шанса да остане во трка за втората позиција на табелата. Само победа ќе го остави во игра, а потоа во последното коло да го совлада Шахтјор, и да се надева дека Реал Мадрид ќе и нанесе пораз на Борусија.

Но, тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека германскиот тим игра во одлична форма, што го покажа на претходните неколку мечеви. Воедно Интер вечерва ќе биде без стандардниот Видал, кој заработи црвен картон на претходниот меч со Реал Мадрид, но и без Коларов, Наинголан, Пинамонти и долго време повредениот Весино.

Ова е последна шанса за Интер, но не и за тренерот Антонио Конте. Се чини дека и да биде елиминиран во групната фаза, Конте сепак ќе остане тренер на „Нероаѕурите“ бидејќи раководството му дава безрезервна поддршка.

Лига на шампиони, вторник

Група А

Локомотив Москва – Салцбург (18:55ч)

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен (21:00ч)

Табела: Баерн Минхен 12, Атлетико Мадрид 5, Локомотив Москва 3, Салцбург 1

Група Б

Шахтјор – Реал Мадрид (18:55ч)

Борусија Менхенгладбах – Интер (21:00 ч)

Табела: Менхенгладбах 8, Реал Мадрид 7, Шахтјор 4, Интер 2

Група Ц

Марсеј – Олимпијакос (21:00ч)

Порто – Манчестер Сити (21:00)

Табела: Манчестер Сити 12, Порто 9, Олимпијакос 3, Марсеј 0

Група Д

Аталанта – Мидтјиланд (21:00ч)

Ливерпул – Ајакс (21:00)

Табела: Ливерпул 9, Ајакс 7, Аталанта 7, Мидтјиланд 0