Connect with us

Фудбал

Последни подготовки на Македонија за дуелот со Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија ги заврши подготовките пред последните квалификации за Светското првенство “Русија 2018”, против Лихтенштајн. По нерешениот резултат 1-1 и еден ден одмор во Македонија, на последниот тренинг во комплексот на ФФМ беа презентирани сите играчи кои ги повика селекторот Игор Ангеловски. Меѓу нив беа и младите Никола Ѓорѓиев и Елиф Елмаз кои се враќаат во сениорскиот тим по натпреварот за селекцијата У-21 со Србија.

Македонската експедиција попладнево пристигна во Струмица, каде што играчите ќе се опуштат и нема да имаат други тренинзи, до почетокот на натпреварот со Лихтенштајн утре вечер во 20.45 часот токму во тој град. На средбата се очекува да дебитира и Аријан Адеми.