Connect with us

Тајмаут

Последниот дрес кој го носел легендарниот Пеле продаден за 30 илјади евра

Еден Италијанец го купи дресот кој „кралот на фудбалот“ Пеле, го носеше на неговиот последен натпревар во кариерата.

Пеле, кој сега има 79 години, последниот свој натпревар го одигра во јули 1971 година, на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, и тоа беше пријателски дуел против репрезентацијата на некогашна Југославија. Пеле е единствен фудбалер со три титули светски првак, за Бразил даде 77 гола на 92 натпревара.

Дресот кој Пеле го носеше на последниот натпревар се најде на аукција во Торино, а во наддавањето победи понудата од 30 илјади евра за жолтиот дрес со „десетка“ на грбот. Беа продадени и други дресови на истата аукција, но овој на Пеле ги надмина сите и беше најскапо продаден.