Connect with us

Фудбал

Потер: Не обвинувам никого, ја преземам одговорност

Челзи повторно разочара. Втор натпревар по ред не победи на домашен терен. Овој пат беа поразени од Астон Вила, а Грем Потер изјави дека ја презема целосната одговорност.

„Не сакам никого да обвинувам, ја преземам целосната одговорност. Ние сме тим, мора да се држиме заедно. И во победа и во пораз. Ќе се опоравиме од ова и ќе се подготвиме за следниот натпревар. Потребна е реакција, тоа е јасно. И ние со нетрпение го очекуваме“ – рече Потер .

Тимот е во очигледна криза, иако Потер не гледа на тоа така.

„Имаше добри работи. Треба внимателно да анализираме што направивме добро и што сè уште можеме подобро. Во дефанзива оставивме многу простор, прилично несреќно го примивме првиот гол, но играчите одлично одговорија. Вториот веќе не потопи и беше огромно разочарување“.