Connect with us

Фудбал

„Потера“ во Италија, каде е Марио Манџукиќ?

Познато е дека веќе извесно време Марио Манџукиќ е на излезната врата на Јувентус. Уште на почетокот на сезоната Маурисио Сари му даде до знаење дека не планира на неговите услуги.

Се спомнуваше дека можно е да продолжи во Манчестер Јунајтед, но се чини дека „Црвените ѓаволи“ повеќе не стојат цврсто на оваа идеја. Милан беше во игра, но според медиумите тој е резервна вартијанта, во случај да не успеат со Ибрахимовиќ.

Италијанските новинари пишуваат дека Манџукиќ не е повеќе во градот Торино, заминал, но не знаат каде. Фудбалерот воопшто не одговара на нивните повици. Никој нема информација каде е во моментов Манџукиќ.