Connect with us

Фудбал

Повеќето англиски ѕвезди се всушност Ирци, тие вчера и пресудија на својата поранешна репрезентација

Фудбалската репрезентација на Англија вчера во еден многу возбудлив дуел, во кој судбината си ја одигра својата улога, на гости ја совлада Ирска со резултат 2:0, а стрелци на головите беа всушност Ирци кои го променија спортското државјанство.

Не е тајна дека столбот на англиската репрезентација е составен од играчи со ирско потекло, кои би можеле да играат и за оваа репрезентација. Сите се одлучија за помоќната селекција на Англија, веројатно поради евентуален напредок во кариерата, а двајца од нив вчера постигнаа голови. За работите да бидат поинтересни, головите ги постигнаа Деклан Рајс и Џек Грилиш, фудбалери кои кариерата ја започнаа во дресот на ирската репрезентација. Грилиш и Рајс играа за младите селекции на Ирска, но потоа откако беа повикани, ја прифатија Англија и вчера ја уништија родната земја. Интересно, пред почетокот на натпреварот, ирските навивачи ги поздравија со навредлив транспарент: „Змиите се вратија“, со слики од Гралиш и Рајс, а двајцата возвратија со голови на теренот.