Connect with us

Фудбал

Повратник го гаси „пожарот“ во Мадрид

Долго време Атлетико Мадрид и Диего Симеоне го „бркаа“ Единсон Кавани, но ПСЖ бараше многу пари. Малку беа оние 20 милиони кои ги нудеа „Јорганџиите“. Но, Атлетико Мадрид го реши проблемот во нападот.

„Пожарот“ ќе го гаси повратникот Јаник Фереира Караско. Белгианецот не е класичен напапаѓач, игра на позицијата крилен напаѓач, но секако ќе биде од голема помош.
Овој 26-годишен фудбалер по две сезони во Кина се враќа во Европа и тоа баш на „Ванда Метрополитано“, од каде што и замина.