Connect with us

Фудбал

Повторно на површина идејата за балканска Мега Лига

Повторно кружи идејата за нова Мега Лига со екипи од балканот.

Македонија пред неколку години презентираше план за фудбалско обединување на Балканот која би се формирала од екипите кои се дел од брзата елиминација во Европските купови.

Овој проект кој повторно се појавува би стартувал од сезоната 2019-2020 и тука би настапувале клубови од Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ и Словенија, но и од Грција, Израел, Кипар, Азербејџан, Грузија и Ерменија.

Во Бугарија веќе е формирама Нега Лига фондација која работи на овој проект за што веќе е информирана и УЕФА која треба да даде дозвола за овој формат во кој според бугарските медиуми би се вртеле минимум 200 милиони евра од ТВ Права плус средства од Маркетинг, влезници и други приходи.
Проектот вклучува 17 држави со 42 клуба кои би се натпреварувале во 2 дивизии. Од Македонија место би обезбедил шампионот Вардар кој би се нашол во друштво со врвните грчки, српски, бугарски и хрватски клубови.

Периодот до стартот на оваа Мега лига е краток и затоа се очекуваат следните чекори на организаторот на ова натпреварување кој пред се треба да обезбеди гаранции за безбедно играње на натпреварите.