Фудбал
Позитивни на Ковид 19 и во репрезентацијата на Грузија пред мечот со Македонија
Хвича Кварацхелија и Леван Шенгелија се позитивни на коронавирус, односно Ковид 19, па овие двајца фудбалери нема да настапат за Грузија на утрешниот меч против Македонија.
-Повтореното тестирање на Хвича Кварацхелија и Леван Шенгелија го потврди вирусот. Играчите, според протоколот, се во изолација и ќе бидат под надзор на лекарски тим во наредните денови, соопштија од Фудбалската федерација на Грузија.
Позитивни има и во нашата репрезентација. Крсте Велковски и Кире Ристевски добија позитивни тестови на дополнителното тестирање. Претходно и голманот Даниел Божиновски беше позитивен.