SPORTM.mk
Позната е судбината на Луис Хамилтон
Добро е позната судбината на седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кога е во прашање неговата иднина во најбрзиот октански циркус во светот.
Мерцедес нема да го повтори случајот од 2016 година, кога по освојувањето на титулата Нико Розберг ненадејно загуби еден од возачите и мораше да бара решение.
Во текот на викендот, по два месеци, Хамилтон го прекина молкот со порака на социјалните мрежи дека си заминал, но дека сега се вратил.
Мерцедес денеска објави и фотографија од Хамилтон со опис „Добре дојдовте назад“, што е јасен знак дека Британецот следната сезона ќе го гледаме во Формула 1.
View this post on Instagram
Другите Формула 1 возачи не веруваа дека Хамилтон ќе се пензионира, додека Мерцедес стравуваа дека нивниот случај нема да биде ист како со Розберг.
Хамилтон доби пауза од два месеци, а во седиштето на тимот ќе треба да се појави пред 18 февруари, за кога е закажана презентацијата на болидот за следната сезона.