Connect with us

Фудбал

Позната судбината на Марио Манџукиќ

Угледниот весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека позната е судбината на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Како што тврди овој весник во јануарскиот преоден рок Манџукиќ се сели во Катар, во еден од клубовите Ал Рајан или Ал Гарада.

Манџукиќ не настапи на ниту еден меч за Јувентус оваа сезона, а се шпекулираше дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој беше во преговори со Јунајтед, дури се согласи на помала плата, но од засега непознати причини, договор не е постигнат.