Connect with us

Фудбал

Познати групите за ЕУРО 2020, ако се пласира Македонија во група на „смртта“?!

Попладнево во седиштето на УЕФА се одржа жрепката за групите за ЕУРО 2020 година, кое ќе се одигра во неколку градови. Македонија се уште има шанси да направи историски успех, бидејќи годинава победниците во плеј-офовите во Лигата на нации ќе обезбедат пласман на континенталниот собир.

Македонија е во Група Д во плеј офот, ќе игра полуфинале против Косово. Доколку победи, тогаш во финалната пресметка ќе игра против подобриот помеѓу Белорусија и Грузија. Секако, ако победи ќе се пласира на ЕУРО 2020 година.

Но, во која група ќе биде ќе зависи и од учинокот од Романија. Доколку оваа селекција не се квалификува, а Македонија победи во баражите, тогаш на континенталниот собир же игра во група со Австрија, Украина и Холандија.

Но, доколку Романија, но и Македонија обезбедат пласман, тогаш нашата селекција би била во групата со Франција, Германија и Португалија во „Група на смртта“, а Романија би играча со Украина, Австрија и Холандија.

Но, да почекаме прво Македонија да победи во баражите, па потоа се ќе биде појасно.

Полуфиналната бараж пресметка со Косово е закажана за 26 март следната година, а Македонија ќе биде домаќин.