Фудбал
Познати се новите правила што ќе се користат во Шпанија следната сезона
Членовите на Комитетот за судии во Шпанија објаснија кои новости се воведени кога станува збор за правилата што ќе се користат следната сезона.
Постојат неколку различни правила, а некои се дополнително разјаснети, но сега треба да има многу помалку грешки.
Играње со рака
Кога топката ќе погоди играч под лактот, тоа се смета за игра со рака. Ако го погоди над лактот, се смета дека топката удрила во рамото, а ваквите ситуации нема да се сметаат за играње со рака.
Пенали
Ако голманот ја напушти линијата, но не го одбрани пеналот, казната нема да се повтори. Доколку казната се повтори поради напуштање на гол линијата од голманот порано, голманот нема да добие жолт картон, туку само ќе биде предупреден.
ВАР
Судија во просторијата ВАР нема да го повика главниот судија освен ако не е 100% сигурен дека има пропуст. Ако тоа се случи, тогаш главниот арбитер оди и ги разгледува снимките. Исто така, ако главниот судија сака судијата во просторијата ВАР да разгледа некои детали, тој мора да ја запре играта и да не дозволи да се игра и да се чека интервенција.