Кошарка
Познати термините за плеј-офот во АБА лигата
По победата на Будуќност над ФМП, во последниот натпревар од лигашкиот сегмент на регионалната кошаркарска АБА лига, познати се термините за „плеј-офот“.
Во полуфиналето ќе се сретнат Црвена ѕвезда – Морнар и Будуќност – Цедевита, а првите натпревари ќе се одржат в недела на 18 март, во Белград и Подгорица.
Натпреварот помеѓу Звезда и Морнар ќе започне во 19 часот, а натпреварот во Подгорица почнува два часа подоцна.
Реваншите се закажани за 25 март во Бар и Загреб, а во евентуалните мајсторки би се играле на 31 март на теренот на Црвена ѕвезда, односно Будуќност.
Финалето на плеј-офот се игра во три победи, а првите две се 9 и 10 април. Следниот е на 12 април, а доколку има потреба за четврти или петти дуел датумите се 13 април и 15 април.