Connect with us

Фудбал

Пред играчите на ПСЖ беше поставен голем предизвик: Во минатото ретко кој успеваше да го направи тоа

ПСЖ е апсолутен фаворит за освојување на титулата во Франција и навистина му треба чудо некој друг прв да помине низ целта.

Парижаните имаат тим на кој и во европски рамки е тешко да му парирате, а камоли со францускиот. Нема дилема дека Лионел Меси и компанија ќе бидат шампиони на Франција, а секако главната цел останува Лигата на шампионите, која овој богат тим со години не може да ја реализира без разлика на ненормалните вложувања во играчкиот кадар.

Le Parisien објави дека тренерот Кристоф Галтие и Луис Кампос им дале еден предизвик на играчите и тргнале во голема мисија – да ја завршат сезоната во Лига 1.

Засега ПСЖ многу лесно победува во Лига 1, но ќе има тешки натпревари против екипи како Лион или Марсеј, Монако и Лил.

ПСЖ во недела гостува во Лил и ќе се обиде да ја продолжи победничката серија. Актуелниот француски шампион има две победи со 5:0 и 5:2.

Ќе видиме колку е реално да се очекува, но фудбалерите на ПСЖ сакаат да стигнат до титулата без пораз, што досега на никој во Франција не му успеало.

Во минатото тоа го успеваше Арсенал во Англија под водство на Арсен Венгер, а титулата без пораз успеа и Јувентус во Италија.