Фудбал
Пред натпреварот Вардар-Македонија фудбалери ќе продефилираат со кучиња од Лајка кои бараат дом
ЈП Лајка ве поканува на фудбалскиот натпревар ФК ВАРДАР – ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, на ден сабота 02.09.2023 во 16:00ч.
Пред почетокот на фудбалскиот натпревар, фудбалерите на ФК Вардар ќе продефилираат со кучињата од Јавното Претпријатие Лајка, кои бараат дом.
Навистина би ни значела вашата поддршка и присуство на овој натпревар, на кој фудбалерите ќе промовираат вдомување на кучиња а ние ќе го поддржиме клубот на народот.