Connect with us

Фудбал

Премија од 50 илјади евра за историското трето место во квалификациите

Управниот одбор на ФФМ денеска одржа седница, на која меѓудругото донесе одлука за доделување на парична награда за репрезентативците. Донесена е одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020.

Македонија квалификациите ги заврши на третото место, зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Летонија. Ова е најголем успех на фудбалската репрезентација до сега.