Connect with us

Фудбал

Пресврт, играчот од средниот ред вели останува во Барселона

Иако во изминатите неколку месеци се поврзуваше со италијанските тимови Јувентус, Милан, па  и Интер, сепак најновите информации велат дека Иван Ракитиќ останува во Барселона, барем во зимскиот преоден рок.

– Најважното прашање е дали можам да играм во Барселона. Ако да, тогаш Барселона е најдоброто место за мене. Ќе видиме што ќе се случува. Јас сум тука пет и пол години. Ги поминав најважните денови во Барселона, но убеден сум дека најдоброто допрва треба да дојде, рече Ракитиќ.

Сепак, хрватскиот репрезентативец признава дека сè е можно во фудбалот.

– Сите мои мисли се насочени кон Барселона. Секако, во фудбалот треба да бидете подготвени за сè, но целта ми е да останам овде. Јас сум многу среќен и горд што играм за овој клуб, додаде Ракитиќ.