Connect with us

Фудбал

Причината е бизарна, откриено зошто Лукаку не успеал во Јунајтед, а во Интер е еден од најдобрите

„Телеграф“ излезе со интересна сторија и тврди дека ја открил причината зошто Лукаку не успеал во Манчестер Јунајтед, а во Интер е еден од најдобрите. На 30 меча Лукаку во дресот на италијанскиот тим постигнал 21 гол во сите конкуренции. Последниот на дербито против Милан за конечни 4:2.

Причината, според „Телеграф“ е тоа што Белгиецот имал дегистивни проблеми поради што многу брзо качувал килограми, кои секако биле вишок.

Кога пристигнал во Милано, лекарскиот тим на Интер го открил проблемот, па за само неколку дена симнал дури 12 килограми.

Гери Невил за Лукаку, по заминувањето од Јунајтед ќе изјави: Игра за Манчестер Јунајтед, а тежи 100 килограми, непрофесионалноста е заразна.

Дали Невил ќе го повлече тоа што го кажал за напаѓачот, останува да се види.