Connect with us

Фудбал

Пристигна понуда за Пол Погба, Манчестер Јунајтед ќе мора да го пушти?!

Како што тврди „Мирор“ на адреса на Манчестер Јунајтед пристигнала понуда од Реал Мадрид за Пол Погба, кој сака да го ангажира веќе во јануари, бидејќи Зинедин Зидан смета дека му е потребен.

Се работи за пари, 80 милиони евра, плус двајца фудбалери. Еден е Хамес Родригез, кој разочара по враќањето во Мадрид, а вториот е Маријано Дијаз, напаѓач кој остана во Мадрид по помината една сезона во Лион на позајмица, но не добива шанса за настап.

Има и шпекулации кои велат дека менаџерот на Пол Погба, Мино Рајола го уценува Манчестер Јунајтед. Наводно му порачал на Солскјер дека во Јунајтед ќе го донесе „чудото од дете“ Ерлинг Халанд од Салцбург, чиј исто така е менаџер, само доколку Погба се пресели во Мадрид.

Самиот фудбалер не е задоволен и сака да замине, па Манчестер Јунајтед по се изгледа ќе биде приморан да му дозволи да направи трансфер.