Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар во текот на вчерашниот ден беа тестирани на коронавирус, односно Ковид-19. Тестовите ги правеше „Аџибадем Систина“, со нивната т.н мобилна болница.
Резултатите од тестовите пристигнаа денеска, а Вардар соопшти дека сите се негативни.