Поврзи се со нас

Фудбал

Проблеми пред патувањето во Грузија, двајца позитивни на Ковид 19, Барди се жали на повреда

Проблеми за селекторот на Македонија Игор Ангеловски пред патувањето за Тбилиси за клучниот меч во историја македонската репрезентација. Иако во Унгарија, пред да дојде во Скопје, Кире Ристевски имаше негативен тест, сепак на тестирањето пред Тбилиси доби позитивен тест. Исто така позитивен на Ковид 19 испадна и Крсте Велковски. Тие двајца нема да патуваат со селекцијата.

Дополнителен проблем е тоа што на повреда се пожали и Енис Барди, но сепак според информациите од таборот на нашата селекција, тој ќе патува во Тбилиси. Има проблеми со грбот, па поради тоа неговиот настап е неизвесен.

Претходно позитивен тест доби и репрезентативниот голман Даниел Божиновски, па и тој нема да биде дел од овој меч.

loading...

Facebook