Фудбал
Проблеми во Реал: Белингем „исчезна“ и е фрустриран, Марка ја објасни ситуацијата

Шпанските медиуми во последните два дена интензивно пишуваат за ситуацијата со Џуд Белингем, кој не е ни сенка на фудбалерот кој минатата сезона носеше трофеји на Реал.
Младиот Англичанец (21) имаше кошмарен почеток на сезоната. Натпреварувачката година ја започна со повреда, се врати на терените, а потоа не постигна гол на девет натпревари. Неговото незадоволство е видливо на секој натпревар, а работите излегоа од контрола откако на натпреварот против Селта Виго почна да му вика на Винисиус Јуниор затоа што не му подаде ниту една топка. Исто така, на секој потег се гледа дека е под притисок. Шпанска Марка немаше милост кон настапите на Белингем, па така жестоко го нарече на насловната страница на весникот: „Од 10 до 0 за само една година“.
🚨 Jude Bellingham is frustrated with his form for Real Madrid.
💢 The English midfielder feels like he's being pushed aside and overshadowed by Kylian Mbappé. His statistics are also annoying him as he still hasn't scored this season.
(Source: @marca) pic.twitter.com/HSnXaIDfXK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 22, 2024
Марка утрово објави дека има проблем во соблекувалната. Според веродостојниот весник, Белингем е фрустриран од својата форма и незадоволен од неговиот статус во клубот. Белингем смета дека потписот на Килијан Мбапе го засенил, и дека повеќе не е главна ѕвезда на тимот. Јавноста очекуваше ваква ситуација да се случи со Винисиус Жуниор по доаѓањето на Мбапе, но очигледно токму Белингем падна во „заборав“. Додека медиумите откриваат што точно се случува со Белингем, работите ги смирува тренерот Карло Анчелоти кој застана во одбрана на својот фудбалер.