Connect with us

Фудбал

Проблеми за Клоп, Салах го пропушта Арсенал

Ливерпул преку пресврт славеше против Тотенхем со 2:1 во десетото коло од Премиер лигата. Меѓутоа Мухамед Салах мораше предвреме да го напушти теренот, поточно во 85 минута, кога на негово место во игра влезе Џо Гомез.

По мечот Клоп изјави дека Египќанецот подолго време има проблеми со зглобот, па големи се шансите да не настапи против Арсенал на Карабао Куп. Сепак, прогнозите се дека ќе биде подготвен за дуелот со Астон Вила кој е на програмата викендот што доаѓа.

Дополнителнен проблем е и веста од медицинскиот тим на Ливерпул која ја доби тренерот Јурген Клоп, а тоа е дека Матип нема да биде подготвен барем уште две недели. Тој поради повреда ги пропушти мечевите со Генк во ЛШ и Тотенхем во Премиер лигата.