Фудбал
Еден проблем помалку за Македонија, “Петелот“ се здоби со потешка повреда
Репрезентацијата на Италија, која е следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година, има многу проблеми околу составот на пред мечот кој ќе се игра в петок.
Откако вчера беше обелоденето дека селекторот Џамперо Вентура нема да може да смета на Андреа Белоти и Марко Верати, денеска италијанските медиуми пренесуваат дека и ветеранот Даниеле Де Роси ќе го пропушти мечот против Македонија.
Триест и четиригодишниот фудбалер од средниот ред по вчерашниот дуел меѓу Рома и Милан, се пожали на повреда на менискусот, поради која сигурно нема да се појави на следниот квалификациски меч против репрезентација на Македонија.
На негово место, селекторот Вентура го повика Роберто Гаљардини од на Интер.
Дуелот од деветтото претпоследно коло во квалификациите, меѓу Италија и Македонија ќе се одигра на стадионот „Олимпико“ во Торино в петок со печеток од 20.45 часот.